Skip to main content

Сопствениците на градежната парцела: Станарите со протестото се изманипулирани, градбата е легална

 Со реакција до ТВМ се обратија  сопствениците на градежното земјиште за кое вчера група граѓани одржаа протест против изградба на висококатница. Тие тврдат дека членот на куќниот совет кој не е нивен непосреден сосед ги манипулира граѓаните и во јавност изнесе лаги , манипулации  и тешки обвинувања против нив. Општинските и државните органи си ја работат работата, државата и правниот систем профункционираа и заврши времето на „Бате јави се“, вели еден од сопствениците на  градежното земјиште. 

 |  Валентина Неловска  | 

Сопствениците на градежната парцела кај комплексот згради на Булевар Туристичка упатија реакција против вчерашниот протест на граѓаните против изградбата на висококатница. Во името на сопствениците на градежната парцела, Илија Целески , тврди дека граѓаните се изманипулирани, а во јавноста се изнесени тешки лаги и манупулации. Ние, претходно баравме средба со граѓаните за да им ги презентираме сите документи и законски постапки како сме дошле до одобрението за градба, но до средба не дојде, жители од соседните згради ја одбија средбата. Најодговорно тврдиме дека одобрението за градба е добиено легално според сите законски прописи, вели Целески. Додава, ние не сме украле земјиште од РМ, а општината и државата работат согласно законските прописи. Тој изнесува аргументи со кои презентира дека против нив во 2015 била поднесена кривична пријава до Јавното обвинителство, но по 19 месеци била отфрлена како неоснована. Вешто лице во декември 2016 носи заклучок во нивна корист, а куќниот совет на тоа решение не поднесло жалба до Вишото јавно обвинителство, вели Целески.

„Сопствениците на катастарската парцела не направиле кривично дело со тоа што барале трансформација на градежното земјиште .Во согласност со градежното земјиште одобрението за градење од 5.2.2016 година на општина Охрид е донесено во законска претходна постапка на градежните површини кој се формирани по важечкиот урбанситички план и се градежни парцели на кој треба да се гради по добиеното одобрение за градба по уплатените давачки“, цитира дел од решението Целески.
Во 2015 , против нас , поднесле и барање за поништување на трансформацијата на земјиштето. Во постапка до 2017 не бевме вклучени, но при увидот во предметот има поднесени незаверени, нејасни фотокопии и поднесоци кои не се читливи, посочува Целески.

„Пред вашиот медиум ја повикувам гопоѓата сите овие докази да ги достави до надлежниот орган во општина Охрид во оргинал. Ако не ги достави тоа ќе биде работа за Јавното обвинителство. Еве наградна игра кој ќе успее да ја прочита оваа страна т.е. фотокопија ќе добие грне злато. Ова се доказите и фактите со кои мафта посочената госпоѓа“, кажува Целески.

Целески презентира докази и за физичка делба за имотот со РМ. Станува збор за имот кој претходно бил наш, дел бил одземен, а дел ни бил оставен, појаснува Целески.

„ Кога се вршела експропријација на земјиштето за парцелите се вршело парцијално. Колку што им требала градежна парцела, толку одземале, а она што не им требало го оставале за да не го платат. Вујко ми со тужба во 90- те години побарал земјиштето да се одземе и да ни се плати. Но, Врховен суд на РМ рекол она што е ваше владение да си го користите. Во 2015 ние го прецизиравме тужбеното барање. Ова е доказ дека државните органи работат“, вели Целески.

Во 2011 до Уставен суд беше поднесена и иницијатива за законитоста на постоечкиот ДУП, но Уставен ја отфрли. Никој не реагираше за зацртаната маркица. Во 2012 ние за оформување на градежната парцела од РМ купивме 15 метри квадратни по пазарна вредност по 16.800 денари. По платени комуналии и проект за градба во 2016 година дури во 2018 имаме конечно одобрение за градба. После сите овие законски постапки кои се во наша корист како можеше општина Охрид да не ни издаде одоберение за градба, прашува Целески. Тоа е доказ дека конечно профункционира правната држава, а госпоѓата која се затскрива како член на куќен совет, а не е непосреден сосед со граджната парцелата, токму тоа и и смета. Заврши времето на „Бате јави се“,  порача Целески.