Skip to main content

Изградбата на нова училишна зграда на „ Братство Единство“ ќе почне во второто полугодие

Централната зграда на ОУ Братство Единство подготвена да ги прими учениците во учебната 2018 /2019. Изградбата на новата зграда ќе почне во второто полугодие. Покрај централната зграда се подготвува и објектот во Лескајца на коj се потребни замена на кровот и изведување на дренажен систем.

 |  Валентина Неловска  | 

Двете училишни згради во ОУ„ Братство Единство“ се подготвени да примат околу 1000 учениците во три наставни јазици во учебната 2018 /2019, информира директорот Џемал Мехмед. Изградбата на новата училишна зграда која беше најавена за оваа есен ќе почне со изградба од идната пролет.


„Првото полугодие ќе продолжи како и досега во двете училишни згарди. Двете се подготвни да ги примат ученицте. Се надеваме дека од второто полугодие учениците од централната зграда, како што беше најавено, најверојатно,  ќе се преселат во ОУ Св.Климент Охридски. Потпишан е протокол со турската агенција за меѓународен развој и соработка Тика за изградба на нова училишна зграда“, вели Мехмед.

Финализирањето на документацијата за изградбата на новиот објект се очекува да заврши во јануари. Рушењето на старата училишна зграда која датира од 1949 година ќе почне од месец март, најавува Мехмед. Покрај централната зграда завршните подготовки се прават и на објектот во Лескајца. Таму е потребно исто така реновирање на објектот, укажува директорт.


“Потребна е замена на кровната конструкција, спречување на влагата со изведба на дренажен систем, а исто така е потребна и замена на инсталацијата за струја“, набројува Мехмед.

Во училиштето каде што се изведува настава на три наставни јазиици, македонски ,турски и албански , годинава  се забележува благо опаѓање на бројот на запишани ученици. Тоа се должи на нискиот наталитет и иселувањето, напоменува Џемал Мехмед. Посочува дека минатата година училиштето го напуштиле 20 ученици од кои 18 со родителите заминале во странство.