Skip to main content

СРЕДБА ПОМЕЃУ ОФС ОХРИД И ОФС ЈАГОДИНА

Во просториите на општина Охрид, денес, средба остварија општинските фудбалски сојузи на Охрид и Јагодина. Домаќин на средбата беше градоначалникот Јован Стојаноски.

 |   | 

Во просториите на општина Охрид, денес, средба остварија општинските фудбалски сојузи на Охрид и Јагодина. Домаќин на средбата беше градоначалникот Јован Стојаноски.

Тој го изрази своето задоволство од соработката помеѓу двата фудбалски сојузи и им порача во иднина да ја интензивираат. Исто така им посака да уживаат во убавините на Охрид. Покрај тоа, градоначалникот потенцира дека општина Охрид, интензивно инвестира во развојот на фудбалот, а како потврда е вложувањето во градскиот фудбалски клуб „Лихнидос“.