Охридските градинки се безбедни и нема место за аларм со бактеријата стрептокок
Охридските градинки се безбедни и нема место за аларм со бактеријата стрептокока. Од земенитe брисеви само 9 до 10 посто од децата имaaт позитивен наод на бактеријата. Во сите објекти каде што се згрижуваат децата е направена дезинфекција и дератизација, потврдуваат од градинката и од Центарот за јавно здравје.
Нема место за аларм со бактеријата стрептокока во детската градинка Лихнида и во другите објекти каде што се згрижени децата, информира Мери Рилкова, директор на детската градинка Јасна Ристеска. Директорката сподели податоци за состојбата со бактеријата во објектот Лихнида и во другите објекти. Од 83 деца згрижени во сите групи само кај 13 дечиња била пронајдена бактеријата стрептокока. Брисеви од нос и грло биле земени и од 500 деца кои требало да се запишат во градинка, вели Рилкова.
„150 деца имале позитивен наод, а не посетувале градинка во летниот период, а ново запишаните деца поради бактеријата не може да посетуваат градинка. Бројот не е алармантен ни загрижувачки и родителите да се мирни. Постојано се одржува хигиената, има хигиенски средства и во соработка со ЦЈЗ постојано се врши дезинфекција и дезинсекција и децата се безбедни“, информира Рилкова.
Од Центарот за јавно здравје исто така потврдуваат, нема место за аларм. Сашо Точков, директор на охридкиот центар, потврдува дека од земенитe брисеви само 9 до 10 посто од децата имaaт позитивен наод на бактеријата стрептокока.
„Наодите се очекувани и соодветни со години наназад. Нема алармантни отстапувања од нормално очекуваното. Од 700 деца, од 1500 примероци на брисеви од грло и нос, само кај 78 се излолирани и имале позитивен наод на стрептокока која се пренесува со кашлање и кивање“, вели Точков.
Директорот на Центарот за јавно здравје напоменува дека брисеви се земени и од вработените во градинките, а резултатите се во фаза на обработка.