Студенти од CIFE одржуваат летна универзитетска школа во Охрид
На Факултетот за туризам и угостителство се одржува дводневна летна универзитетска школа на Меѓународниот центар за Европска едукација. Странски и домашни студенти разговараат на различни теми. Една од дискусиите се однесува на влијанието на околината врз туризмот.
На ФТУ се одржува дводневна летна универзитетска школа на Меѓународниот центар за Европска едукација. Станува збор за приватна, високо образовна институција од Франција со долга традиција која Мастер програмите ги одржува во повеќе европски земји. Во Охрид за прва пат се одржува ваква академска програма која пак е практика на Меѓународниот центар за Европска едукација во различни земји да се одржуваат програми со дискусии на различни теми, информира професор Мари Франс Пердигон од Универзитетот во Ница.
„На оваа сесија во Охрид одлучивме да разговараме за околината и економските бенефити. Денес зборувавме за енергетската моќ во Македонија. Ќе зборуваме за туризмот и влијанието врз туризмот и околината, загадувањето,теми кои ќе се развиваат од страна на размислувањата на студентите за оваа специфична тема“, појаснува професор Пердигон.
Петнаесетина странски и домашни студенти разговараа на сесија за туризмот и влијанието на економијата и загадувањето кој се глобални теми, но со различни приоди во размислувањето за проблемите кај поединечни студенти, подвлекува проф. Пердигон.
„ Има студенти од различни националности. Германците се со различни идеи и размислувања за разлика од од другите особено кога станува збор за животната околина. Зборувавме за електричната енергија и штедењето па се развија интересни дискусии. Сечие размислување е различно,“ посочува Пердигон.
На летната универзитетска школа на Меѓународниот центар за Европска едукација присуствуваат меѓународни професори, како и студенти од Франција, Германија, Белгија, Холандија, Италија и Македонија.