Викендов на репертоарот на Народниот театар од Охрид, „Стаклена менажерија“ од Тенеси Вилијамс
„Стаклена менажерија“ е претстава за комплексите, несигурноста и суровоста на современиот човек, кој сосема ја загубил солидарноста и сочувството кон послабиот.
„Стаклена менажерија“ е претстава за комплексите, несигурноста и суровоста на современиот човек, кој сосема ја загубил солидарноста и сочувството кон послабиот. Во ова време на либерален капитализам, хуманоста полека исчезнува. Стаклена менажерија е емоционално патување низ комплексноста на семејните односи. Претставата е болен крик за големата неспособност на човекот да љуби.
Во претставата играат, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Филип Кипровски. Режијата е на Софија Ристевска Петрушева. Костимите се на Андреј Ѓеоргиевски. Билетарата на театарот работи секој ден од 10:00 до 20:00 ч.