Државата не се откажува од изградбата на регионала депонија во општина Дебрца
Државата не се откажува од изградбата на регионала депонија во општина Дебрца и покрај протестите на дебрчани. Заменик министерот за животна средина и просторно планирање не открива дали локацијата ќе биде во селто Годивје или на друго место во Дебрца. До жителите испрати уверување дека ќе се гради софистицирана фабрика за преработка на отпад од кој ќе се произведува енергија според европски прописи.
Регионалната депонија сепак ќе се гради во општина Дебрца. Централната власт не се откажува од првичната идеја и покрај протестите на дебрчани од мината година со кои беа против изградба на депонија во нивната општина. Јани Макрадули, заменик министер за животна средина и просторно планирање е без конкретен одговор дали ќе се менува локацијата во селото Годивје или не, но информира дека отстапки од изградба на депонија од општина Дебрца нема да има. Напоменува дека експертите бараат најсоодветно решение и место за изградба на регионална депонија која треба да го спаси југозападниот регион од големиот број диви депонии кој ги загадуваат населените места.
„ Има региони , општини во кој во моментов има 8 илегални депонии, диви, со кои секојдневно се труе почвата, водата и воздухот. Подобро е да имаме една софистицирана фабрика за производство на енергија од отпадот за да не се загадува животната средина. Ние го пратиме европскиот концепт за регионално управување и менаџирање на отпадот и производство на енергија од отпадот“, кажува Макрадули.
Макрадули додава дека 99 проценти од општините и ги довериле ингеренциите на Централната власт за да распише тендер за концесионер кој ќе управува со депониите во 4 региони во земјава. Заменик министерот упатува смирувачки тонови до жителите од Годивје и Дебрца кои стравуват дека депонијата нема да биде изградена според европските стандарди и прописи.
„ Тоа е еден хендикеп се изгубила довербата кон институциите. Сакам да ве уверам дека во целата постапка и мониторирањето ќе се користат најдобри техники и практики. Така пишува во Законот, а и јас ќе го следам“, тврди Макрадули.
Според експертите, општина Дебрца и понатака останува како најиделно место за изградба на современа фабрика за преработка на отпадот од кој ќе се произведува енерегија, подвлекува Јани Макрадули.