Skip to main content

Претседателот на ПОЕН Вахид Мемед ги повикува сите граѓани масовно да излезат на референдумското изјаснување во недела

Претседателот на Партијата за општествен и економски напредок, ПОЕН Охрид Вахид Мемед  ги повикува сите граѓани без разлика на етничка ,верска,партиска и секаква припадност ,особено мојата заедница балканските египќаните, но и сите граѓани и припадници на етничките заедници масовно да излезат на референдумското изјаснување во недела, на 30.09.2018 година и да го дадат својот придонес за развојот на европска Македонија.

 |   | 

Драги сограѓани ,почитувани мои  Египќани,

Вашиот глас вреди, затоа што вие сте креаторите на еден силен напредок. Придобивките од членството во европската унија, ќе бидат подеднакво важни за сите нас и за нашата држава. Ќе бидеме во можност секаде да патуваме со наш, македонски пасош и да одиме со дигнати глави.

Нашите деца ќе имаат можности за многу поквалитетно образование, а на пазарот ќе се создаде поголема конкурентност и ќе се отворат вратите за  пласмани на големите пазари.

Македонија ќе биде рамноправна членка на унијата на големите европски семејства и на НАТО. Тоа е нашата единствена алтернатива за сигурна иднина.

Затоа, ве повикувам во недела да го исполните вашето највисоко граѓанско право, за да зачекориме заедно кон подобро утре.