Една деценија хуманитарна акција „За посреќно детство“ на OO Црвен крст
Се е подготвено да започне големата хуманитарна спортско-рекреативна акција „За посреќно детство “Една деценија општинската организација на Црвен крст реализира активност за помош на децата од социјално загрозените семејства во Охрид и Дебарца. Посочуваат дека за жал не се во ист чекор бројот на општествено одговорни кои сакаат да помогнат со растечкиот број на лицата кои имаат потреба од помош.
Утре ќе стартува хуманитарната акција „ За посреќно детство“ во организација на ОО Црвен Крст. Средствата собрани од продажбата на учеснички броеви ќе бидат наменети за помош на децата од социјално загрозените семејства во Охрид и Дебарца. Големата хуманитарна спортско-рекреативна акција ќе започне со трка од плоштадот „Крушевска република-Чинар“ до градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“. Охриѓани преку многу спорт, едукација, дружење, забава, хуманост и многу награди ќе им помогнат на децата кои имаат потреба од помош. Нивниот број е во пораст посебно на лицата кои имаат потреба од лекување, велат од Црвен Крст.
„ Верувајте како минува времето се повеќе млади луѓе со здравствени проблеми бараат помош и во ОК како и во другите институции. Се обидуваме да им помогнеме со различни манифестации , со организирање на хуманитарни настани , преку насочување на средства да помогнеме на што поголем број деца. Секоја година сме поспремни да помогнеме но, тоа може не е видливо затао што се е поглем бројот на оние кои бараат помош“ , вели Сашо Точков претседателот на ОО ЦК.
Една деценија општинската организација на Црвен крст реализира активности за помош на децата од социјално загрозените семејства. Утрешниот хуманитарен настан е во партнерство со Стоматолошкиот центар Др.Баткоски, со поддршка на Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите-сите за спорт“ и Сојузот на училишен спорт од Охрид. Од Општинската организација на ЦК посочуваат дека за жал не се во ист чекор бројот на општествено одговорните компании кои сакаат да помогнат со растечкиот број на лицата кои имаат потреба од помош. Една од ретките компании кои се вклучуваат во овој настан веќе подолго време е стоматолошкиот центар д-р Баткоски.
„ Наши потпомагатели се Виа Фарм, Алкалоид, Виа Игнација. Оваа година нашето мото е „Чија насмевка ќе блесне ќе каже смешната слика“. Имаме многу изненадувања за дружење, забава и едукативно катче“ , информира д-р Владимир Новаковски од стоматолошкиот центар д-р Баткоски.
Граѓаните може да се вклучат во хуманитарниот настан со купување на учеснички број со кој ќе имаат можност да се натпреварува во бројни спортски дисциплини. Со тоа стануваат потенцијални добитници на 50 вредни награди во големата наградна игра меѓу кои седумдневно зимување на Златибор, петдневен престој во Крагуевац, викенд во Крушево, курсеви за странски јазици, компјутерска галантерија и др. кои ќе бидат извлекувани во живо на телевизија ТВМ, на 20- ти октомври.