Skip to main content

30-ТИ „ОХРИДСКИ СТАРОГРАДСКИ СРЕДБИ“

Претседателката на  Советот на град Охрид,  Живка Анѓелоска имаше пригодно обраќање на годинешното издание на културната манифестација, „Охридски староградски средби“, што годинава се одржа по 30-ти пат во ЦК „Григор Прличев“.

 |   | 

На годинешното издание учествуваа околу 100 учесници од Охрид, Штип, Гевгелија, Богданци, Прилеп и Скопје.

„Охридски староградски средби“ е фестивал којшто ги афирмира вредностите на староградскиот мелос и ги оживува старите добри музички традиции.

Организатор на настанот е ЦК „Григор Прличев“, а е поддржан од Министерството за култура на Р. Македонија.