Skip to main content

Годинава охридските ресторани и туристички водичи останаа без награди од Министерството

Годинава охридските ресторани и туристички водичи останаа без  награди од Министерството за економија. Дел од нив велат дека за изборот се решава во престолнината на земјава ,а на другите не им се познати критериумите според кој се доделуваат годишните награди.  Од областа на хотелиерството и туризмот пак, наградите заминаа за неколку хотели  и професорот од ФТУ Науме Мариноски.

 |  Валентина Неловска  | 

На листата на наградените ресторани и туристички водичи од министерството за економија и годинава нема нити еден охриѓанец или охридски угостителски објект. Познатиот охридски угостител Љупчо Патчев на прашањето зошто во изборот ги нема угостителските објекти од охридско – струшкото крајбржје, вели се се решава во престолнината на земјава.

„ Јас секогаш кажувам туризмот е во Скопје и таму во престолнината се решава за се. Нас не ни требаат награди, награда ние тоа што не има во светските весници Фолкс, новинските агенции SNN I BBC, во написите за Охрид и за рестораните, нема да ги споменам по име за да не биде дека се фалиме , но сите работи се случуваат во Скопје“, вели Патчев.

Немам ништо против скопјани тие ни се најдобрите гости во Охрид, но не е фер сите да се од Скопје. Можеби требаше некој да е и од надвор. 90 проценти од туристите  во Охрид не идат само за езерото има и убави етно ресторани на охридско- струшкото крајбрежје почнувајќи од Куратица, Коњско или етно рестораните во Струга, вели Патчев. Не ни знаеме од каде доаѓаат предлозите, напоменува долгогодишниот угостител.

„ Се било партиски од кога почна осамостојувањето на Македонија навака. Се е преку Скопје, од која партија ќе се каже. Дали некој дошол да ги прочита написите за охридските ресторани во странскиот печат , мене тоа повеќе ми значи од наградите доделени во Скопје“, кажува Патчев.

Од охридското здружение на туристички водичи „Кеј“ , кога станува збор за критериумите, исто така не знаат за што и кој ги предлага во ресорното министерство за да учествуваат во изборот за доделување на годишните награди за најдобри водичи. Сметаат дека сепак станува збор за слободни проценки.

Хотел Силекс, Лаки хотел и СПА Охрид , хотелот Уник, приватните станоиздавачи Ново Плаканоски и Горан Трајков, фестивалот Охрид Колинг и проф. Д-р Науме Мариноски од Факултетот за туризам и угостителство добија признанија по повод Светскиот ден на туризмот, на традиционалната манифестација што Министерството за економија ја организира секоја година.