Во сеќавање на поетот и собирач на народно творештво Блаже Тренески
НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ја продолжува практиката да одбележува значајни годишнини сврзани со творештвото на роднокрајните автори.
НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ја продолжува практиката да одбележува значајни годишнини сврзани со творештвото на роднокрајните автори.
Оваа и следната недела во библиотеката на пригоден начин ќе биде одбележана 87 годишнината од раѓањето на поетот и собирач на народно творештво Блаже Тренески.
Блаже Тренески е роден на 12 октомври 1931 година во село Врбјани а почина на 1 мај 2015 во Охрид. Во негова чест од среда 3 октомври до петок 12 октомври во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе биде поставена изложба на 12 книги – дела од овој роднокраен автор кои заинтересираните ќе можат да ги погледаат и прочитаат.
Деновиве на официјалната веб страница и на ФБ страницата на нашата установа ќе објавиме Преглед на неговото творештво кој ќе биде испратен и до локалните и регионални медиуми.