Општина Охрид бара лица за изработка на проекти за користење на ЕУ фондовите
Општина Охрид ќе ги зајакнува админитративните капацитети со кадар за подготовка на проекти за аплицирање до фондовите на ЕУ. Проектите ќе бидат од најразлични области за потребите на заедницата. Во последните 3 години биле одобрени 46 проекти од фондовите на ЕУ, донации од странски амбасади и меѓународни организации.
Локалната самоуправа ќе ги зајакнува администартивните капацитети за да ги искористи можностите за финансирање на проекти од европските фондови. Во тек е јавен повик за пријавување на лица кои ќе бидат ангажирани во општински тимови за подготвување на техничката документација, информира Томе Џамтоски портпарол на општина Охрид.
„ Ние очекуваме да има интерес . Повикот ќе трае до 12 октомври. Постоечката општинска администрација, а и одделението на Тлер ќе имаат квалитетни луѓе кои ќе се приклучат со подготовка на проектна документација со која ќе се настапува пред европските фондови , “појаснува Џамтоски.
При изборот на квалитетни кандидати ќе одлучува специјална Комисија , а локалната ќе аплицира со проекти до европските фондови за најразлични области според потребите на заедницата. На овој начин ќе се зајакнува капацитетот на општинската администрација за да се искористат повеќе финансии кои се на располагање доколку проектите се квалитетно сработени. Во таа насока беа дадени и последните препораки на претсавниците од Европските предпристапни фондови при работната посета на општина Охрид. За волја на вистината проекти се работеле и досега, но податоците покажуваат дека одобрените проекти се во мал процент.
„Ние и досега имавме реалзирано проекти со помош на европските фондови , странските амбасади и други меѓународни организации. Од 2013 година навака има 46 проекти во различни области за рурален развој, туризам , социјани поректи и сл“, набројува Џамтоски.
Помеѓу поголемите реализирани проекти за прекуграничан соработка Македонија- Грција во периодот 2011- 2017 година е проектот Waternet во износ од 226.904 евра. Со него се изработи пешачката патека од Каналот до Парк, се изгради модерен инфо центар кој не проработи, промотивни билборди и штандови , како и уредување на ботаничката градина и кујна на ФТУ.