Даниел Новиќ со коктелот „Руби Буби“ победник на „Вигор бармен купот“
Даниел Новиќ со коктелот „Руби Буби“ победник на „Вигор бармен купот“. На државното првенство на тест беше креативноста на дваесетина бармени при подготовката на инвентивен долг освежителен пијалок. Во Охрид во подем е културата на конзумирање коктели но има одлив на квалитетни бармени.
Охриѓанецот Даниел Новиќ со подготвениот коктел „Руби Буби“ го освои жирито на „Вигор бармен купот.“ Добитник е на првата награда на државниот натпревар кој се одржува по 10-ти пат. Вкусот и изгледот на долгиот освежителен пијалок подготвен од водка, шток крем, сируп од бело чокалодо, сируп од карамела и сок од црна рибизла, креација на Новиќ од хотелот Су беше полн погодок за судиите да му ја доделат првата награда. Новиќ вели голема чест мие што ја добив наградата и с енадева дека коктелот ќе влезе во менито на коктели. Во иминативе 7 години е добитник на број награди дома и во странство. Постојано се надградува за да биде креативен, а има и авторски коктел под името„Охридско зајдисонце“.
„ Имаме прекрасен град за извлекување на имиња за коктелите. За коктелот за кој зедов прв награда немав име. Спонатано на кафе одлучив „Руби Буби“ и ми донесе прекрасна награда за мене, за Охрид за хотелот Су каде што работам. Колегите и од хотелот се задоволни што донесов таква награда,“вели Новиќ.
Барменот Даниел Новиќ напоменува дека на 12 октомври во хотелот Су ќе се одржи промоција на неговиот авторски коктел Охридско зајдисонце.
Трета награда на државнито натпревар освои уште еден охридски бармен Сaшо Мирчевски од лаунџ барот Куба Либре. Роберт Костоски, менаџер од лоунџ барот Куба Либре вели дека расте коктел културата на нашата ривиера, а исто така и потребата од квалитетни бармени. На охридската ривиера странските гости нарачуваат коктели и она што го нудат рестораните мора да е квалитетно, додава Костоски кој исто така е бармен со големо искуство.
„Стандардот се знае каков е кај нас. Но ние се трудиме, а на вакви натпревари се обидуваме да докажеме дека можеме да бидеме успешни. Имаме скриен талент во нас кој би сакале да го истакнеме. Имаат бармените знаење, а квалитетните гости ти даваат мотив за чекор напред“, подвлекува Костоски.
На охридската ривиера има едвај 15- тина квалитетни бармени. Во летните месеци во угостителските објекти кои ја негуваат коктел културата се чувствува недостиг од ваков кадар. Некои бармени напоменуваат дека сопствениците на угостителските објекти немаат слух за овој вид пијалоци. Работите се менуваат ама кадар недостасува. Во Македонија од регистрираните 40 бармени во последните неколку години бројката е преполовена.