Доделени сертификати на 12 парамедици
Доделени сертификати на 12 парамедици од програмата Pre Hospital Trauma Life Support . Станува збор за средношколци од медицинските паралелки кои ќе добијат понатамошни обуки во Холандија. ОО ЦК дала предлог до Министерството за здравство да се прифати и воведе холандската програма за европски стандарди.
Дванаесетмина охридски средношколци се здобија со сертификати за парамедици. Елиса Ибраим , ученичка во 4 клас од средното медицинско училиште Св. Кирил и Методиј е една од парамедиците кои се стекнаа со Сертификат ( Pre Hospital Trauma Life Support).
„Самата обука е надградување на нашето знаење и еден плус во нашите чекори кон подобра медицинска иднина која за нас е многу важна како средношколци медицинари, “вели Ибраим.
12 волонтери на Црвен крст Охрид беа избрани според посебни критериуми од страна на инструктори-парамедици од Националниот здравствен сервис на Холандија во соработка со Црвен крст Охрид и Општинското средно медицинско училиште „Св.Кирил и Методиј“ од Охрид за да ги совладуваат најсовремените знаења, вештини и техники во справување со најсложени ситуации. Учеа укажување на прва помош, третман и реанимација на повредени со високо професионален пристап, најсовремена опрема и нагледни средства, вели Мимоза Ставрева секретар на ОО ЦК.
„ Во соработка со Националниот здравствен сервис со нашите партнери за парамедици во 2016 и со овој пилот проект кој го повторуваме сме задовлни. Имам успешни 12 парамедици кои ќе одговорат на потребите за кои се обучени“, напоменува Ставрева.
Подготвките се спроведоа според европските стандарди и протоколи за парамедици се реализираше според програмата PHTLS , (Pre Hospital Trauma Life Support). Инструкторите парамедици од Холандскиот Црвен крст имаат пофални зборови за сегашните парамедици кои се стекна со сертификати.Најавуваат продолжување на соработката воспоставена во 2016 година.
„Имаме искуство со првата група парамедици кои беа во Холандија. Но , мора да признаме дека некои од нив никогаш не биле во амбуланта туку правеле нешто друго во македонските здравствени установи. Одлучивме новата група која ќе дојде во Холандија да го научи целиот холандски здравствен систем. Не само амбулантските услуги туку и болничките услуги, соработката со пожарникари и полицијата .Се надеваме дека ќе го научат целиот синџир на поврзаност на холандскиот здрвствен систем“, вели Судмеијер холандскиот инструктор за парамедици.
Општинската организација на ЦК доставила предлог до македонското Министерството за здравство за прифаќање и воведување на европски стандарди за обука на парамедици.