Завршено расчистувањето на депонијата Мауцкер
Ј.П.„Охридски Комуналец„ заврши со расчистувањето на депонијата „Мауцкер„ ,а во иднина истата тековно ќе се одржува.
По поднесената апликација на општина Охрид до Министерството за животна средина, доделени се повеќе од два милиони денари за реализација на овој зафат. Во расчистувањето и рамнењето на теренот беа ангажирани два булдожери, еден багер и два камиони.
Извршено е порамнување на 16.000 м2 градежен шут и тампонирани се 7.000 м2 со 2.500 м3 квалитетна земја. Дел од градежниот шут (5.000 м3) е дислоциран на друга локација во рамки на депонијата.
Фабриката за отпад,која се планира да се гради, ќе ги намали загубите на ЈП „Охридски Комуналец“, особено транспортните трошоци за 40 км оддалечената дива депонија на Буково, каде во моментов се одлага отпадот.