Skip to main content

Родителите бараат враќање на училишните кујни

Родителите бараат враќање на училишните кујни. Загрижени за здравјето на децата кое се должи на неправилната исхрана спасот го гледаат во активирање на кујните каде што децата ќе добиваат нутритивно избалансирана храна. И педијатрите aпелираат општеството да преземе сериозен пристап за да се изградат здрави генерации.

 |  Валентина Неловска  | 

Учениците од школска возраст се хранат катастрофално, а тоа лошо се одразува на нивното здравје.Здравствената стсистика воз мајва покажува дека децата се почесто заболуваат од анемија, дијабет и дебелина . Родителите исто така се загрижени за здравјето на основците. Загрижени за здравјето на децата кое се должи на неправилната исхрана спасот го гледаат во активирање на кујните каде што децата ќе добиваат нутритивно избалансирана храна.

Прескокнувањето на оброците и лошата исхрана кај децата ,која најчесто се состои од индустриски продукти чипс, смоки, хабургери и друга брза храна, негативно влијаат врз здравствениот статус кај децата, подвлекува д-р Никола Филев. Педијатарот укажува на лошите навики. Најчесто наутро земаат несинхронизран оброк, а јадат и премногу благо. Шеќерите се најприменетиот дел во исхраната, брзо се задоволува енергетската потреба на организмот, но на удар е панкреасот каде што се лачи инсулинот. Педијатрите предупредуваат дека имаме сериозен општествен проблем кој не треба да се игнорира. Доколку не почне да се решава многу ќе не чини бидејќи децата се нашата иднина.

„ Доаѓаат во мојата ординација во хипогликемични состојби, родителите бараат помош. Одат на утро во училиште без оброк. Во 9-10 часот ќе јадат било што. Наутро една шолја со млеко или чај со мед и едно парче леб и детето ќе биде во ред. Денес децата одат на школо гладни. Ова се банални ситуации кои создаваат сериозни проблеми “, укажува д-р Филев.

Педијатрите апелираат на сериозен пристап од страна на семејствата и на општествената заедница. Менување на животниот стил и навики во домот како и враќањето на училишните кујни би биле основните чекори во подобрување на здравствената состојба кај децата во спротивно очекуваат појава со епидемиски размери на шеќерна болест и заболувања поврзани со лошта исхрана.