Skip to main content

Македонски археолози и архитекти учествуваа на работилница за дигитализирање на културното наследство

Македонски археолози и архитекти учествуваа на работилница за дигитализирање на културното  наследство. Нивни колеги од Сај Арк им ја презентираа технолгијата која ја користат за активно управување со локалитети и објектите. Министерството за култура  ја избра црквата Св. Софија  да биде дигитално документирана од страна на Сај Арк.

 |  Валентина Неловска  | 

Археолози од Сај Арк на македонските колеги и архитекти им ги презентираа методите и технологиите кои ги користат при дигитализирање на културното наследство. Дигиталното документирање ќе почне на катедралната црква Св. Софија во Охрид. Археолозите од Сај Арк со својата работа ќе им помогнат на луѓето кои работат со управување и зачувување на културното наследство во обезбедување на инжинерски цртежи и детални мапи кои ќе помогнат во активното управување со локалитетите. Експертите од Сај Арк, непрофитна организација од САД, ќе користат различни технологии, дронови , скенери и фотографии . Тие ќе креираат 3Д површински модел , информира археологот Кејси Хадик од Сај Арк.

„ На црквата ќе работиме една недела за да ја документираме  во 3 Д технологија. Ќе се вратиме во Калифорнија каде што ќе продолжиме да го доработиме процесот околу еден месец, потоа моделот ќе го вратиме во Охрид како конзервиран проект“, напоменува Хадик.
Дигиталното документирање на катедралната црква Св. Софија е избор на Министерството за култура. Кејси Хадик , еден од археолозите , кои работат на дигиталното снимање на црквата вели дека ова е прв нивен проект во земјава. Годинава работеле на многу проекти, меѓу кои на главната катедрала во Мексико, а замининуваат и во Танзанија. Тие се воодушевени од посетата на Охрид како град под заштита на Унеско.

„ Црквата е неверојатна. Тука има толку многу историја. Го видов градот, музеите, езерото неверојатно е да си тука. Толку сум воодушевен од историјата и археолошките локалитети , прекрасно е “ , вели Хадик.

Од Саj Aрк ќе го подготват проектот за Св Софија од кој ќе се добие сет производи за конзервација, висински точки на орто слики и планови. Тоа ќе помогне во управување и следење на состојбите со објектот.