Затајува земјоделската инспекциска врз посевите во охридско
Охридските еколошки свесни производители на овошје и зеленчук реагираат дека затајува инспекциската контрола врз посевите. Обучените инспектори досега нити еднаш не направиле контрола врз употребата на хемиските препарати. Од друга страна пак многу мал е бројот на еколошки свесните и едуцирани земјоделци и овоштари.
Еколошки свесни производители на овошје и зеленчук од охридско реагираат дека затајува земјоделската инспекциска контрола врз земјоделските и овоштарските плантажи. Во регионот нема контрола врз посевите иако државата за таа цел има обучено 15 инспектори , инфромира охридскиот овоштар и земјоделец Ванчо Стојаноски .
„ Не сме имале контрола. Во една прилика реков државата обучи инспектори ама најдобро е ние д а си донесеме инспектори од Германија. За жал ние сме подмитливи и коруптивни во најголема мерка инспекторите не работат како што треба. Во нашиот регион досега никој не дошол да контролира“, посочува Стојански.
На овоштарите и земјоделците им треба разговор и едукација од стручни лица . Инспекторите на терен ќе има укажуваат и ќе ги насочат со какви препарати да прскаат , колку пати и кога да ги третираат растенијата, вели Стојаноски. Многу мал е бројот на производителите и на овошни и градинрски култури кои се агротехнички едуцирани. Употребувата не соодветни препарати и прекумерно и не се свесни дека ја загадуваат еколошката средина, не произведуваат здрава храна и ги уништуваат пчелите.Проблемот е сериозен, а министерството за земјоделие мора да преземе итни мерки да ги заштити пчеларите, вели Стојансоки.
„ Да не стават и овоштарите и пчеларите во една група. Пчеларите се маргинализирана група. Соодветно инстиуциите и државата не презела чекори да ги видат проблемите и да помогнат. Климатските промени во светот придонесуваат добар дел од пчелните семејства да не преживеат . Државата д а се зангажира и да им даде финансиска поддршка“, предлага Стојански.
Меѓу бројните фактори за еден добар принос на овошките е навременото опрашување од пчелите, а соработка меѓу овоштарите и пчеларите не е на високо ниво. Тука потфрлуват овоштарите кои за разлика од пчеларите не се добро едуцирани. Затоа земјоделските инспектори мора да се присутни на терен да ги посетуваат овоштарите и земјоделците и да делуваат ако терба и со изрекување на санкции при несоовдетното хемиско третирање на псоевите со кои се уништуваат пчелите, укажува Ванчо Стојаноски.