Skip to main content

ЈП Градски пазар бележи финансиска стабилизација во работењето

ЈП Градски пазар бележи финансиска стабилизација во работењето.  Со домаќинско работење драстично се намалени сите трошоци, а посебно на издатоците за репрезентација, службени патувања и гориво, информира директорот на ЈП Градски пазар за работењето во изминатава година. Претпријатието поради изградбата на затворениот Зелен пазар претрпе одредени потешкотии во работењето но вработените максимално се потрудиа да обезбедат континуитет, квалитет и достапност на услугите. 

 |  Валентина Неловска  | 

ЈП Градски пазар изминатава година бележи добри финансиски резултати. Зад нас оставаме тешка година во услови кога во тек е изградбата на затворениот современ пазар, но сме максимално ангажирани со домаќинско работење да се намалат сите проблеми во претпријатието, напоменува Кристина Крлеска Деспотоска дирeктор  на  ЈП Градски пазар.

„ ЈП во споредба со минатата година има зголемување на приходите по сите основи. Најмногу од дневната пазаришна такса со 100 проценти приход. Исто така и расходните ставки на претпријатието се сведени на минимум. Трошоците на претпријатието се намалени по сите ставки. Најмногу во делот на репрезентации, службени патувања и гориво. Околу 1,3 милиони денари споредено со лани имаме помалку трошоци “, укажува Крлеска Деспотоска.

ЈП Градски пазар оставрува приходи покрај од дулија и од закуп на деловни простории и градежни активности од мал обем. Така во изминатиов период имале полни раце работа од кои очекуваат финансиски прилив во касата на претпријатието. Вработените биле ангажирани во одржување и санирање на спортски и детски игралишта и изведувале услуги на јавни површини.

„ Извршивме санација на фудбалски игралишта кај Стобекс, Бозо, Отекс, Бараки, Окта, фудбалски игралишта во Велгошти и Лакочереј. Оградување на мали фудбалски игралишта во Долно Лакочереј, саниравме детски игралишта во Далјан, кај Котва, го оградивме паркинг просторот после мостот, поставивме метални конструкции на трибините на спортската сала во Билјанини извори“, набројува Крлеска Деспотоска.

ЈП остварило финансиски прилив и со отварањето на кванташкиот и мини пазарот кај охридската општа болница. Во иднина според потребите на граѓаните и претходни наши анализи ќе продолжиме со домаќинско работење водејќи сметка да бидат задоволени потребите не само на охриѓани туку и на туристите кои го посетуваат нашиот град. , напоменува Кристина Крлеска Деспотоска директор на ЈП Градски пазар.