Семејното насилство и понатака зема замав во општина Охрид
Семејното насилство и понатака зема замав во општина Охрид. Корените се во традицијата и во влошената економска состојба. Женскиот центар Бисера со средношколците од „ Ванчо Питошески“ одржаа предавање како да го препознаат и да пријават семејното насилство.
Во општина Охрид семејното насилство и понатака е сериoзeн општествен проблем. Жените и децата се најчесто жртви на семејното насилство , информираат од Женскиот центар Бисера кои на сензибилизација на оваа тема работат повеќе од 24 години.
„ Насилството сеуште зема голем замав иако се направени големи напори од НВО и институциите работат на тоа. Овој проблем постоел , постои и ќе постои. Но, наша задача како НВО е да направиме превенција да ја подигнеме свеста со години наназад ежработием на тоа јавно да се зборува. Залудно е ако ние говорием ,а жените таат и молчат за проблемот кој е приватен и тешко е да се отвори во јавност“, вели Нада Мартиноска претседател на Женскиот центар Бисера.
Женскиот центар Бисера со средношколците од Ванчо Питошески одржаа предавање како да го препознаат и да пријават семејното насилство. Предавањата се во рамките на меѓународниот ден на борба против семејното насилство над жените и девојчињата. Од Бисера укажуваат дека според последните законски измени кривично одговараат оние кои не пријавуваат и молчат дека во едно семејство има насилство. Корените се во традицијата, но и во влошената економска состојба, подвлекува Мартиноска.
„ Во едно семејство има проблем , како велат старите „Празен кош готов нож“ и ете проблем. Се одаваат на пиење и други девијантни работи тука се појавува нетрпеливоста и насилството кое за жал го трпат жените, но и децата .Тоа е најголемиот проблем што децата се воспитуваат во нездрава средина “, посочува Мартиноска.
Жените кои трпеле насилство во семејството во изминативе години се охрабрувале и пријавувале и барале помош на СОС телефонот во женскиот центар Бисера. Сега се оставени без таа можност бидејќи подолго време центарот е без овој телефон на кој сограѓанките кои ќе се најдат во таква ситуација можат да побараат помош, велат од Бисера. Тие немаат ни простор каде што ќе можат д а помогнат па очекуваат локалната самоуправа да им помогне да добијат пристојни услови за работа.