Skip to main content

Наградата за слобода на печатот на УНЕСКО ја доби новинар од Шри Ланка

На свечена церемонија во катарскиот главен град Доха генералниот директор на Организацијата на ОН по прашањата за образование, наука и култура (УНЕСКО) Коичиро Мацира ја додели Светската награда на оваа организација за слобода на печатот „Гилермо Кано“.

 |  Крсте Голабовски  | 
novinar
новинар
На свечена церемонија во катарскиот главен град Доха генералниот директор на Организацијата на ОН по прашањата за образование, наука и култура (УНЕСКО) Коичиро Мацира ја додели Светската награда на оваа организација за слобода на печатот „Гилермо Кано“.

UNESCOОваа година наградата постхумно му е доделена на Ласанта Викрематунге, адвокат и новинар од Шри Ланка, кој е убиен во јануари. Жирито, кое ја врачува наградата еднаш годишно, се одлучи да му ја додели на новинарот од Шри Ланка поради неговата статија во локалниот весник „Сандеј лидр“, која Ласанта ја напиша во 1994 година. Во написот тој пишува дека многумина го предупредувале дека доколку пишува критички статии би можел да биде убиен. На тоа Ласанта одговорил дека ако не преземе таков ризик никој друг во иднина нема да има слобода да зборува и пишува слободно.
На церемонијата наградата ја прими внуката на убиениот новинар Натали. Таа прочита писмо со благодарност од сопругата на убиениот новинар Сонали, која и се посветил на истата професија.
Ласанта беше убиен од непознати напаѓачи на мотори. Тие пукаа во него додека тој тој се движел со својот автомобил по автопат. Досега никој не е уапсен поради неговото убиство.

Светската награда на УНЕСКО за слобода на печатот „Гилермо Кано“ се доделува од 1997 година во чест на истоимениот колумбиски новинар, кој е убиен на 17 декември 1986 година поради критичките текстови за активностите на наркокартелите во неговата земја. Наградата се врачува секоја година на 3 мај, кога се одбележува Светскиот ден за слобода на печатот. Таа вклучува парична премија во износ од 25.000 американски долари.

{loadposition content9}