„ПИСМО НЕКОМУ“
Денес во НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид со, почеток 10.00 и 12.00 часот, во мала салата сала. ЗГ БУДЕН ТЕАТАР Скопје, ќе ја донесе претставата „ПИСМО НЕКОМУ“.
Денес во НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид со, почеток 10.00 и 12.00 часот, во мала салата сала. ЗГ БУДЕН ТЕАТАР Скопје, ќе ја донесе претставата „ПИСМО НЕКОМУ“.
„Писмо некому“ е интерактивна претстава за деца, базирана на приказните на познатиот холандски писател Тоон Телехен. Во неа се раскажува за осаменото китче, кое живее на крајот на светот, на работ на океанот, и затоа никогаш никој не го посетува. Китчето решава да го преплива океанот и да стигне до морскиот учител-албатросот за да научи да пишува, па да испрати писмо со кое ќе покани некого да му дојде во посета.
Претставата користи интерактивен пристап, хумор и музика, и на индиректен начин ги наведува децата да размислуваат за чувствата со кои се соочува секој кој е отфрлен и осамен. Истовремено ги ангажира заедно да пронајдат начин да му помогнат на нивниот нов пријател китот да биде помалку осамен.
Авторски концепт и режијата е на Милиана Ленак , игра: Сара Климоска, а музичари се Виктор Гајтановски и Eлена Чадиковска.