Петкоска : Охридското пристаниште моли за реконструкција
Градоначалникот Стојаноски со пратениците Лазаревска и Тунтев оставија пристаништето да се распаѓа пред очите на охриѓани, обвини денеска на пресконференција, Лидија Петкоска, советник во Советот на општина Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Заслужува ли Охрид-град под заштита на УНЕСКО, да има руинирано пристаниште, кое од ден на ден сè повеќе и повеќе се распаѓа пред очите на охриѓани, но и пред очите на туристите? – јавно праша денеска на прес конференција советничката од ВМРО ДПМНЕ, Лидија Петкоска.
„Градоначалникот Јован Стојаноски и пратениците Томислав Тунтев и Жаклина Лазаревска, кои очигледно го заборавија не само Охрид и охриѓани, туку и Охридското Езеро, да се одважат и да пропешачат по кејот за да „уживаат во глетката“.“– кажа Петкоска.
Петкоска сдресира парашање до власта и за тоа до каде е ветената реорганизација на Капетанијата на пристаништата, со обезбедување на опрема и кадар. Нема ни трага ни глас од хидроавиони за посебни намени, модерен туризам и паметен урбан развој, кажа Петкоска.
„Почитувани господа од СДСМ, Крајно време е да ги затегнете надлежните институции и конечно да почнете да мислите за иднината на овој град. Фреквенцијата на пловилата се зголемува и местото станува тесно, а со доаѓањето на зимата уште повеќе ќе се оштети. ВМРО-ДПМНЕ апелира да се изнајде начин за итно решавање на ова прашање, кое не смее да биде оставено на забот на времето.“
Советничката го посочи и тоа дека Охридското Езеро нема концесионер и праша со која цел ЕЛЕМ , како што речем си поигрува со водостојот на езерото. Потсети дека локалната власт ветуваше заштита на Студенчишкото блато.