Skip to main content

Се санира старата зграда на Маларична

Се санира старата зграда на Маларична. Азбестните плочи на кровот се заменуваат со квалитетен лим. Паралелно со зафатите на објектот тече и постапката за набавка на две санитетски возила и едно патничко за патронажната служба.

 |  Валентина Неловска  | 

Старата зграда Маларична од ЈЗУ „Здравствен дом“ после многу години се санира. Објектот е во лоша состојба изграден во далечната 1956 година. Тука голем број охриѓани и гости добиваат здравствени услуги од повеќе медицински служби меѓу кои итната медицинска помош, патронажната служба, стоматолошката служба и матични лекари по општа пракса.

„ Настојуваме сега со санација да се тргнат азбестните плочи. Да се санира целосно кровот со квалитетен лим, стреите што се рушат да бидат опфатени со лим и да се фасадира од надворешната страна“, информира директорот на Здравствен дом д-р Ајсел Зејноска.

Д-р Зејноска напоменува дека покрај подобрување на условите во медицинската установа паралено работат и на подновување на службите со медицинска опрема и санитетски возила. Со проект од Ипард програмата обезбедиле финансиски средства за набавка на амбулантно возило.


“ Добивме 185.000 евра за здравствен дом Охрод Од кои во 2019 ќе ни префрал дел за да купиме современо санитетско возило со целосна опрема и медицинска опрема која вклучува дефибрилатори, екг апарати, аспиратори и друга опрема“, инфромира д-р Зејноска.

Покрај набавката на едно санитетско возило од Ипард прогармата, во постапка е купување на уште две возила од сопствени средства. Возниот парк со санитески возила на Итната медицинска служба ќе се поднови со уште едно современо санитетско возило, а за потребите на патронажната служба ќе се набави патничко возило, кажува Ајсел Зејноска директор на ЈЗУ „Здравствен дом“ Охрид.