Гимназијата Св. Климент Охридски го одбележа патрониот празник
Гимназијата Св. Климент Охридски го одбележа патрониот празник. Средношколската установа достојно го носи името на провестителот и остварува успешни резултати во образовниот процес. Меѓу двата патронати гимназијата го заврши опремувањето на предметните кабинети.
Општинското средно училиште Св. Климент Охридски со свечена програма го одбележа патрониот празник. Средношколците од охридската гимназија нижат успеси и достојно се носи името на словенскиот просветител, а училиштето се вбројува помеѓу подобрите образовни установи во земјава.
„ Според успесите сеуште сме на врвот на Републиката. Во однос на средните училишта резултати имаме на сите полиња. Последни ни се успесите од ноември од полето на науката каде што наши ученици постигнаа врвни резултати и добија награди од сите природни науки“, посочува Весна Цветкоска директор на ОСУ „Св Климент Охридски“.
Средношколската образовна установа посветува големи активности на проектите Еразмус. Со реализирани 4 проекти ученците и вработените имаат можност за размена и споделување на искуства со нивните врсници од Европските земји. Еразмус ние предивик и ние се стремиме кон некои новитети да примениме и кај нас, напоменува директорот на школото Весна Цветкоска. Цветкоска напоменува дека меѓу двата патронати успеале да ги подобрат условите за учење во нивното школо.
„ Успеавме кабинетите на поткровјето да ги оспособиме за работа. Имаме кабинети за сите предмети со надгледни средства и модерна технологија. Имаме услови за учениците подобро да учат и да имаат подобар престој“, вели Цветкоска.
Во моментов ОСУ Св Климент Охридски има 800 ученици од 1 до 4 година и нема проблем со упис на ученици. Завршените средношколци најчесто го продолжуваат образованието на универзитетите во земјата и странство.