Амбициите на Дебрца општината да стане туристичка дестинација
Општина Дебрца го промовира проектот „Дебрца археолошка топографија на стари градови и тврдини“. Целта на локалната самоуправа е богатите археолошки и природни вредности на Дебрца да ги доближи до јавноста. Амбициите се општината во иднина да стане атрактивна туристичка дестинација.
Општина Дебрца во туристички цели ќе ги искористи културните, археолошките и природни вредности со кои е опкружена. Ова се идните планови и намери на општината која започна со првични археолошки истражувања на значајни локалитети. Како позначајни се споменуваат Требенишкото кале, кулите во Песочан и Годивје, како и локалитетот Градиште во Слатино. Тие се дел од проектот кој се релаира годинава ,а е насловен како „Дебрца археолошка топографија на стари градови и тврдини“. На бројни локалитети низ Дебрца работеа истражувачки археолошки тимови предводени од проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс од Филозофскиот факултет од Скопје. Во моментов немаме податоци колкав број на туристи ја посетиле општината, но намерите ни се во иднина Дебрца да ја промовираме во атрактивна туристичка дестинација, кажува градоначалникот Зоран Ногачески.
„Ние сакаме овие истражувања да се публикуваат во брошура. Да се направат детални истражувања. Акцент ќе ставиме на Требенишко кале, светски позната некропола, која е малку посетена, а годинава се навршуваат 100 години од пронаоѓањето на златните маски од 1918 година. Сите истражувања ќе се значаен импулс за туристичката понуда на Дебрца“ , напоменува Ногачески.
Досега архолошките и приридните вредности на Дебрца кои беа дел од Охридскиот заштитен регион под Унеско беа неозначени и без пристапни патеки. Сега намерата на општината е да се стават во туристички цели и од нив да се остварува приход во општинската каса. Професорот Виктор Лилчиќ Адамс напоменува дека во Дебрца има над стотина значајни локалитети кои треба да се истражуваат и да се презентираат на јавноста. Како најзначаен археолошки локалитет го наведува Требенишкото кале за кој претпоставува дека е античкиот град Енхелана.
„ Сигуерн сум дека централна локација , најголем објект е Требенишкото кале. Се работи за антички град кој треба да се доистражи. Гробовите се датирани од 6 век пред нашата ера, веројатно почетоците се во бронзеното време таму треба да се истражува. Градот имал површина од 5 хектари. Вон ѕидините на градот има остатоци од постар антички град и може да се протега на 6 до 7 хектари“, напоменува професор Лилчиќ Адамс.
Намера на локалната самоуправа на Дебрца е амбициозна да привлекуваат туристи кои ќе ги посетуваат арехолошките локалитети.За таа цел ќе издаваат брошури, ќе се поставуваат патокази, ќе се формира Музеј, а ќе се изработи и веб страна со археолошките локалитети со препораки за посета.