Skip to main content

Од понеделник започнува пријавувањето за учество на атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“

Пријавувањето за учество на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ ќе започне од понеделник (24 декември), а не од среда (18 декември), како што беше најавено.

 |   | 

Пријавувањето за учество на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ ќе започне од понеделник (24 декември), а не од среда (18 декември), како што беше најавено.

Пролонгирањето е поради прераната и неочекуваната смрт на нашиот подржувач број еден градоначалникот Јован Стојаноски. Третото издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ ќе се одржи на 2 јуни низ градските улици. Заинтересираните ќе можат да се пријават на трката 5 и 10 километри или тим билдинг трката на 5 километри.