Казните за петарди од 200 до 800 евра
Со цел елиминирање на нелегалната трговија со пиротехнички средста и спречување на несаканите последици од нејзино користење во текот на претстојните празници, СВР Охрид започна со интензивни мерки и контроли врз физички и правни лица кои нелегално вршат продажба на петарди, огномети и други пиротехнички средства.
Со цел елиминирање на нелегалната трговија со пиротехнички средста и спречување на несаканите последици од нејзино користење во текот на претстојните празници, СВР Охрид започна со интензивни мерки и контроли врз физички и правни лица кои нелегално вршат продажба на петарди, огномети и други пиротехнички средства. Се контролираат правните субјекти, како тезгите за новогодишни реквизити, на пазарите, продавниците и другите јавни места во Охрид и на целото останато подрачје, се прават контроли и во сообраќајот, односно се контролираат патничките и другите моторни возила.
„Полициските службеници ги интензивираа своите активности, согласно Законот за заштита од експлозивни материи. Активностите се насочени кон сузбивање на нелегалната трговија со петарди и други пиротехнички средства кои согласно истиот закон се забранети за употреба. Законот за заштита од пиртехнички средства и експлозивни материи многу децидно и прецизно одредува кои правни субјекти смеат да се занимаваат со оваа дејност, а кои не“ вели Стефан Димоски – портпарол СВР Охрид.
Согласно законот, промет со експлозивни материи можат да вршат трговски друштва кои се регистрирани за таква дејност во централниот регистар на РМ и имаат одобрение за дејноста од МВР на Република Македонија. На територијата на општина Охрид легално тоа смее да го прави еден правен субјект.
Инаку законот е дециден. Купувањето и активирањето на петарди или пиротехнички средства на јавни места, на улица, во дворови, влезови на станбени згради, претставува законски прекршок за кој е предвидена глоба од 200 до 500 евра. Доколку се набавуваат и дистрибуираат на пазарот, тоа претставува кривично дело за кое е предвидена парична или казна затвор до 3 години. Внимателни треба да бидат и родителите, вели Димоски.
„Родителите исклучително треба да водат грижа од каде купуваат пиротехника за своите деца со цел да ја прослават новата година. За родителите коишто ќе бидат затекнати во нелегална купопродажба на пиротехника ќе бидат казнети согласно законот за заштита од експлозивни материи, но и согласно со другите законски одредби“ Стефан Димоски – портпарол СВР Охрид.
Радува фактот што трговијата со пиротехнички средства се намалува од година во година. Пред неколку години биле запленувани и по 100.000 парчиња пиротехнички материи и биле откривани вистински магацини.
А казните за несовесните родители се големи, се движат од 600 до 800 евра. Со цел едукација и подигнување на јавната свест кај граѓаните посебно кај младата популација за опасностите од нелегална употреба на петардите и друга пиротехника, СВР Охрид ги спроведува и едукативните предавања „Ризици од употреба на пиротехнички средства“, под мотото „Биди sвезда не фрлај петарди“. Во рамките на кампањата, полициски службеници од оделенијата за превенција во соработка со Црвениот крст, ги посетуваат основните училишта во општините Охрид, Струга, Кичево и Дебар и на најмладите им укажуваат на опасностите од пиротехничките средства што можат да се предизвикаат поради користење нелегална пиротехника, незнаење и невнимание при употребата што може да има фатални последици.