„Миса“ маркетите подготвени за новогoдишните и божиќните празници
На десетина дена пред Новата Година најмногу се троши за храна и пијалаци. Граѓаните велат дека за овие празници секој одвојува дел од својот буџет, со цел достоинствено и во своите можности се одбележат празниците.
Празничната магија ја поттикна потрошувачката и во Охрид. Долгите редици пред касите деновиве се слика во речиси секој маркет. Трговците со различни понуди и попусти се обидуваат да го привлечат вниманието на купувачите. Се празнат паричниците и кредитните картички. Се даваат пари повеќе од планираното. Малку побогата трпеза и подароци за најмладите, мора да има. Месо, пијалаци, сувомесни и млечни производи, колачи и торти се најкупуваните производи во „Миса“ маркетите во предновогодишните денови. Купувачите задоволни од услугата која ја добиваат ВО „Миса“.
„Миса“ маркетите и оваа празнична сезона нудат голем број производи на акции и по популарни цени. Новогодишното изобилство по рафтовите, вообичаено, е надополнето и со голем број викенд акции, промоции, понуди, пакети и намалувања на цените на некои производи, што дополнително ги мотивира купувачите да потрошат некој денар повеќе. Само што завршуват.н „Чоколадна недела“ веќе од наредната недела „Миса“ маркетите започнуваат со специјалните акции.
„Оваа недела е „Чоколадна недела“ која е актуелна за новогодишните празници да се задоволат потребите на најмладите и најмилите. постоечката викенд акција којашто трае од петок до понеделник и уште една акција која ќе биде проследена со промотивен флаер, стѕартува на 28.12, а ќе трае до 20 ти јануари така да ќе се опфатени сите празници. Во сите акции се трудиме да има апроизводи кои ќе ги задоволат потребите на потрошувачите и коишто се актелни за тој период“,вели Сузана Петреска – шеф продажба „Миса“ маркети Охрид.
Брзиот и современ начин на живот им остава се помалку време на вработените жени да поминуваат подолго време во кујна. Па готовата храна од маркетите често се наоѓа на семејната трпеза по мошне пристапни цени. Свежо подготвената храна ја купуваат различни категории потрошувачи, мажи и жени, млади и повозрасни, велат од охридскиот маркет „Миса“, а нема да недостига и за новогодишните и божиќните празници
„Имаат обичај за време на празниците си нарачуваат, како изминативе посни празници, се нарачуваше пржената риба, гравче тавче, сармички, компир, ориз, се што е традиционално и што треба да се најде на една трпеза“, кажува Сузана Петреска – шеф продажба „Миса“ маркети Охрид.
За едно трговците се согласни. Македонските граѓани прво ги пазарат неопходните продукти, па ако остане нешто во буџетот, се опуштаат и купуваат и нешто екстра. Најчесто тоа се некои алкохолни пијалаци, вино или слатки. Иако предновогодишното пазарување одамна веќе не значи излегување од продавница со полни корпи, сепак прометот е поголем од лани.