Skip to main content

Стручни кадри да управуваат со заштитените подрачја бараат граѓански здруженија

По смената на директорот Андон Бојаџи од  НП Галичица се огласија десетина невладини здруженија од земјава. Координативното тело за соработка со институциите кои имаат надлежности во секторот животна средина и клима испрати реакција до медиумите каде што порачуваат  потребни се стручни кадри за управување со заштитените подрачја. 

 |  Валентина Неловска  | 

По смената на Андон Бојаџи в.д директор на НП Галичица со соопштение до медиумите се огласи Координативното тело за соработка со институции кои имаат надлежности во сектор животна средина и клима. Центар за истражување и информирање за животната средина Еко-свест, Македонски Зелен Центар, CNVP Македонија, Движење на екологистите на Македонија , ФРОНТ 21/42, Здружение за заштита на животни Анима Мунди и Здружение на инженери за животна средина бараат преиспитување на владината одлука за смена на в.д. директорот на НП Галичица, дипломиран шумарски инженер, со 25 годишно искуство во националниот парк како раководител на секторот природа. Во последните неколку години токму Бојаџи се залага за обезбедување самоодржливост на НП Галичица преку обезбедување финансии од еколошки туризам наместо од сеча на дрвја како што тоа беше пракса досега. Претходниот директор на националниот парк Галичица имаше многу ризични одлуки кои можеа да значат загуба на цели живеалишта. Во 2015 година тогашниот директор на паркот одобри цела низа инфраструктурни проекти како ски ресорт и автопат во строго заштитените зони на НП Галичица покажувајќи ни уште еднаш дека доколку сакаме заштита на природните богатства мора да имаме стручен кадар на овие позиции, посочуваат од Координативното тело .


„ Зошто во случајов не е запазена законската постапка за избор на нов директор на паркот уредена со Законот за природа во член 141 каде јасно пишува дека директорот на ЈУНП се избира преку јавен оглас за вработување кој треба да биде објавен во најмалку три дневни весници кои се издаваат на територија на цела Р.М. Сметаме дека како земја која има силни заложби да стане членка на Европската Унија токму сега мора да покажеме владеење на правото во државата,“ напоменува Николоска.

Координативното тело за соработка со институции кои имаат надлежности во сектор животна средина и клима упатуваат апел до Владата.

„ Од исклучителна важност за таа позиција е лицето да е стручно , со долгогодишно искуство и одлично познавање на позицијата која што треба да ја работи , напомeнува Николска од Еко Свест.
Македонија е земја која изобилува со природни богатства и многу ендемски и ретки видови и живеалишта со висок биодиверзитет. Токму вакви живеалишта има и во националниот парк Галичица и нивно одржливо управување треба да е приоритет за секој граѓанин, порачуваат од Координативното тело за соработка со институциите кои имаат надлежност во сектор животна средина и клима.