Skip to main content

ЈП Билјанини извори донираше Новогодишни пакетчиња

Подарени Новогодишни пакетчиња на  децата од  специјалните паралелки  од ОУ Св. Климент Охридски. ЈП Билјанини извори обезбеди  стотина Новогодишни пакетчиња во хумани цели. Подароци ќе бидат поделени и на децата  згрижени во  детскиот центар Добротољубие во црквата Св Ѓорѓија и Зраци во ОУ Братство Единство.  

 |  Валентина Неловска  | 

Подарени Новогодишни пакетчиња на децата од специјалните паралелки од ОУ Св Климент Охридски. Тоа предизвикаа весела атмосфера со многу насмевки и задоволни детски лица, песнички и новогодишни желби и пораки за добро здравје и среќа во Новата 2019 Година. Децата си посакуваа што да им донесе Дедо Мраз во Новата година.

„Многу сакам Дедо Мраз да ми донесе таблет“ , искрено посакува малиот Мартин.

Родителите на децата кои посетуваат настава во овие паралелки упатувата искрена благодарност до хуманите и општествено одговорни компании од градот.

„ Посетата за децата е убав гетс. Секоја година имаат Новогодишни пакетчиња. Донираат фирмите сите сме задоволни и ние и децата“, вели Светлана Божиновска.

За насмевките на детските лица се погрижија од ЈП Билјанини извори. Тие ја завршуваат 2018 година со еден проект во хумани цели. Обезбедиле стотина Новогодишни пакетчиња за децата кои посетуваат специјални паралелки а исто така ќе подарат и достоинствен оброк за социјално загрозените семејства од градот. ЈП кое стопанисува со градските паркинзи за прв пат спроведува ваков проект, вели Гордана Јованоска, директор на ЈП Билјанини извори.

„ Јас ќе се залагам ова да стане традиција на ЈП. Ние преку паркинзите сме во контакт со граѓаните. Овој проект го реализираме од граѓаните за најмилите и за социјално загрозените семејства. Мора како одговорно-општествена компанија да имаме слух “, потенцира Јованоска.

Како ЈП сакаме да ги поддржиме граѓаните во сите сфери од социјалното живеење напоменува Јованоска. Денес беа поделени Новогодишни пакетчиња и за децата кои се згрижени во дневниот центар Добротољубие во црквата Св. Ѓорѓија. Децата од Дневниот центар Зраци пакетчињата ќе ги добијат на Василица.