Библиотеката „Григор Прличев“ остава зад себе успешна деловна година
Со нови работни планови влегуваат во новото лето. Приоритет ќе им се доопремување на новите простории и создавање на подобриуслови за читателите.
Библиотеката Григор Прличев успешно ја завршува 2018 година. Во текот на изминатите месеци реализирале бројни проекти, книжевни настани и промоции на книги. Сепак она што најмногу ги радува е зголемувањето на бројот на читателите, информира Гордана Змејкоска, директор на националната установа библиотека Григор Прличев.
„Читатели имаме од ден на ден во се поголем број. Најмногу се чита белетристика. Затоа постојано набавуваме нови наслови на книги за да бидат застапени. Исто така е застапена и стручната литература. Имаме читатели од 7 до 77 годишна возраст“, вели Змејкоска.
Библиотеката во новата година влегува со нови работни планови. Еден од приоритетите ќе им биде доопремување на новите простории и создавање подобри услови за читателите. Со средства од министерството за култура во 2018 година е завршено опремувањето со мебел, напомeнувa Змејкоска.
„Сега засега е мебелот. Но се надеваме со новите проекти за 2019 година сопомош на министерството и преку спонзори и донатори да се доопреми просторот со грејни тела и компјутери. Во наредната 2019 велгуваме со поголем елан и планови“ , напоменува Змејкоска.
Во 2019 година библиотеката ќе продолжи со проекти и промоции на нови наслови, но заедно со општината и другите институции ќе одбележуваат значајни јубилеи од книжевни творци како Кузман Шапкарев , Коста Абраш и Стефан Јакимов Дедов.