Skip to main content

Охриѓани и гостите во весела атмосфера ја испратија старата и ја дочекаа новата година

 Студеното време не ги спречи  да се забавуваат на музиката која ја изведуваа охридски музичари. За организацијата на новогодшината забава се погрижија угостителскиот еснаф од градот и Хотам.

 |  Валентина Неловска  | 

Охридскиот плоштад полн со посетители за организираниот дочек на Нова 2019 година. Температурата на воздухот која беше под нулата не ги попречи посетителите најлудата новогодишна ноќ да ја поминат на забава на отворено. Охриѓани и гостите во весела атмосфера на градскиот плоштад ја испратија старата и ја дочекаа новата година и си посакаа желби во новото лето.

За забавувата на плоштадот се погрижија охридски музичари и бендови. Ѓоко Танески, Жармена, Бетис бупс, Бекдор бенд и диџеј Петар се погрижија за загревање на новогодишната атмосфера и незаборавна забава за посетителите.

„ Изненаден сум од публиката. Живи, здрави, весели, среќни да веруваат во себе.Да слушаме македонска музика и да живееме убав живот“, посака во новата 2019 година Ѓоко Танески, нашата музичка ѕвезда.

За организацијата на новогодшината забава се погрижија угостителскиот еснаф од градот и Хотам. Ораганизаторите задоволни од веселто расположенеи и исполнетоста со гости на шеталиштето, плоштадот и кафулињата.

„ Многу лица со насмевки тоа за нас како домаќини е голема сатисфакција. Иако беше направено во краток рок но кога ќе се направи со позитивна енергија резултатот е очигледен“, кажа Михаил Мишев претседателот на еснаф на охридските угостители.

За новогодишните празници во Охрид најбројни се гостите од соседството и од земјава. Рестораните, кафулињата, хотелите и првиватното сместување се полни со гости од Бугарија,Србија Албанија и од европските земји.