Oхридскиот здравствен дом набави медицинска опрема
Наскоро се очекуваат и две нови санитарни возила од кои едно исто така од сoпствени средства. Со стручен кадар засилен тимот на итната медицинска помош.
Здравствен дом набави нова медицинска опрема. Со сопствени средства за итната стоматолошка служба купен е нов стоматолошки стол, а за потребите на другите служби кои се дел од здравствен дом се набавени дефибрилатори, спирометар, аспиратори, Екг апарати. Покрај оваа опрема во тек е набавка и на санитарни возила. Возниот парк на Итната медицинска помош ќе се поднови со уште две санитетски возила со целосна опрема за транспорт на итни случаи.Едното ќе се набави со сопствени средства , а другот со пари од Ипард програмата. За потребите на патронажната служба ќе се набави и ново патничко возило, информира Ајсел Зејноска директор на Здравствен дом.
„ Тие функционираат со 10 тимови патронажните сестри ги обавуваат повиците во селата и градот, породените жени и нивните новороденчина, службата за домашно лекување делува во рамките на Итната медициска помош“, напоменува д-р Зејнел.
Засилена со стручен кадар е службата на итната медицинска помош. Здравствен дом го реши недостатокот од кадар кој посебно беше изразен во летниот период кога службата има зголемен интензитет на работа, а е период и на користење на годишни одмори, информира д-р Ајсел Зејноска директор на Здравстен дом.
Изјава: Ајсел Зејноска дир. на Здравстен дом
„ Тогаш беа преоптоварени иако функционираа , но сега со новопримените ќе функционираат уште подобро. Примени се тројца доктори, едвај ги најдовме бидејќи е дефицит на тој кадар. Се распиша конкурс и се примени 3 доктори и две сестри“, информира Ајсел Зејноска директор на Здравстен дом.
Од Здравствен дом ќе настојуваат да го решат работниот статус на уште тројца доктори од итната стоматолошка служба. Во моментов Здравствен дом брои 143 вработени во неколку оддели како што се Итната медицинска помош, вакцинации, трудова медицина, школска и предшколска медицина.
Кон крајот на минатата година беше саниран и објектот Маларична со замена на азбестниот кров и освежена фасадата на објектот.