Skip to main content

Олд Трафорт ќе биде поголем од Вембли

Управата на премиерлигашот Манчестер Јунајтед, актуелен светски, европски и англиски првак, се подготвува да го прошири капацитетот на стадионот Олд Трафорд за дополнителни 20 000 места.

 |  Крсте Голабовски  | 
Old Тraford
Олд Трафорд
Управата на премиерлигашот Манчестер Јунајтед, актуелен светски, европски и англиски првак, се подготвува да го прошири капацитетот на стадионот Олд Трафорд за дополнителни 20 000 места.

Old TrafordПо доградбата, капацитетот ќе биде зголемен на 95 000 седишта, со што ќе стане најголем стадион на англиско тло, надминувајќи го и Вембли, чиј капацитет е 90 000 места.

На 95 000 места е ограничен капацитетот на Маракана во Рио де Женеиро, додека најголемиот стадион во Европа е Камп Ноу на фудбалскиот клуб Барселона, кој брои 98 772 места.

Најголем стадион во светот со 150 000 седишта е стадионот Рунградо Меи Деи во Пјонгјанг, главниот град на Северна Кореја.

 

{loadposition content9}