Во Охрид се регистрирани 24.000 граѓани на системот Е персонален данок
Од УЈП очекуваат регистрација на уште околу 3000 илјади граѓани приматели на странски пензии и земјоделци од Охрид. Во јануари е продолжен рокот за регистрација на граѓаните во новиот систем за електронско следење на персоналниот данок кој стапи на сила од јануари 2019 година.
Од регионалната управа за јавен приход информираат дека во Охрид се регистрирани 24.000 граѓани на системот Е персонален данок. Напоменуваат дека очекуваат зголемување на оваа бројка по продлжување на рокот до крајот на јануари за електронска регистрација на персонален данок за граѓаните кои досега не ја исполниле законската обврска, напоменува Злате Мунески портпарол на регионалната УЈП од Битола.
„Задоволува бројката, но очекуваме да се регистрираат уште 2000 до 3000 илјади граѓани приматели на странски пензии и земјоделци од Охрид. Апелираме граѓаните кои се регистрирале на компјутер, а барањата за регистрација не ги доставиле во УЈП, ги има околу 1100 граѓани мора да дојдат во Управата во Охрид да се верификуваат профилите. Во спротивно, ќе се смета дека не се регистрирани и не им е валиден корисничкиот профил“, напоменува Мунески од УЈП.
Од УЈП апелираат граѓаните кои примаат странски пензии и земјоделците да се регистрираат на системот Е персонален данок. Со странство имаме меѓународни спогодби за евиденција каде граѓаните приматели на пенизии го платиле данокот, вели Мунески. Сега не задоволува бројката на регистрираните категории граѓани земјоделци и приматели на странски пензии, нагласува Мунески.
„Земјоделците мора да се регистрираат за да имаат увид, а ќе имаат право да го вратат персоналниот данок. Пензионерите од странство имаат задолжителна обврска да се регистрираат затоа што до 31 март ќе треба да поднесат електронска пресметка за странските пензии од 2018 година. Врз основа на пресметките ќе прикажат колку пари зеле во вид на пензија и колку данок платиле во странство“, вели Мунески.
Со системот Е персонален данок граѓаните електронски ќе го следат оданочувањето на приходите. Граѓаните кои се регистрирале на системот треба да почекаат до месец април кога ќе добијат известувања за годишната даночна пријава, а понатака треба да ја потврдат или корегираат истата, советуваат од УЈП.