Заболувањата на циркулаторниот систем и понатака се најфатални за охриѓани
Во Охрид, водечката стапка на смртност е резултат на циркулаторните заболувања. Следуваат заболувањата од малигните неоплазми и ендокрините болести.
Во земјава највисока стапка на морталитет е во Охрид. Циркулаторните болести се најчести заболувања кои се среќаваат во патологијата кај населението, а кои истовремено се и најфатални за охриѓани, информира Д-р Даниела Чингоска, специјалист по социјална медицина и јавно здравје.
„ Во нашиот регион веќе подолго време водечка причина за смрт се циркулаторните заболувања. Стапката на морталитет во нашиот регион е 57 умирања на 10.000 жители и се резулатат на циркулаторните болести“, информира Чингоска.
Статистиката во земјава покажува дека највисока е стапката на морталитет во охридско и Дебрца од кардиоваскуларните заболувања. Стапката на морталитет е 88 на 10.000 жители, а кај малигните боелсти 15,8 на 10.000 жители, споделува д-р Чингоска. Веднаш на второто место како водечка причина за смртност се малигните заболувања, посочува д-р Чингоска.
„ 13, 1 е стапката на морталитет, а на трето место се ендокрините и нутритивните заболувања. Нивната стапка е 5 на 10.000 жители. И оваа стапка на морталитет е највисока во Охрид и Дебрца, како и ка кардиоваскулаторните и малигните болести“, додава Чингоска.
Во анализираниот 5 годишен период, од 2012 до 2017 година, Охрид има загрижувачки однос помеѓу наталитетот и морталитетот. Се евидентира најниска стапка на раѓање, а највисока стапка на смртност со 12, 8 на 1000 жители.