Skip to main content

Започна расправата на пленарна седница во грчкиот парламент за ратификација на Договорот од Преспа

Во 10 часот по локално време започнува расправата на пленарна седница во грчкиот Парламент за ратификација на Договорот од Преспа, а гласањето на пратениците ќе биде утревечер.

 |   | 

Во 10 часот по локално време започнува расправата на пленарна седница во грчкиот Парламент за ратификација на Договорот од Преспа, а гласањето на пратениците ќе биде утревечер.

Седницата ќе трае колку што ќе биде потребно, односно во зависност од бројот на пријавени пратеници за збор.

Проценките и пресметките се дека Договорот ќе биде ратификуван со најмалку 151 глас, а судејќи според последните јавни изјави на пратениците, веројатно е да биде ратификуван со 153 гласа „за“, јави дописничката на МИА од Атина.

На расправата и претходеше дводневна парламентарна комисија, а по обраќањето на 38 пратеници и двајцата известувачи и вкупно 12 часа дискусија, Комисијата за надворешни работи и одбрана на грчкиот Парламент усвои нацрт закон според кој се ратификува и стапува во сила Договорот од Преспа.