Skip to main content

Со изложба на книги се одбележуваат родендените на неколку роднокрајни автори

НУ Библиотека „Григор Прличев“и во оваа 2019 година продолжува со лани воспоставената практика со изложба на нивни дела да бидат одбележани родендените на роднокрајните автори.

 |   | 

НУ Библиотека „Григор Прличев“и во оваа 2019 година продолжува со лани воспоставената практика со изложба на нивни дела да бидат одбележани родендените на роднокрајните автори.

Овој јануари ги одбележуваме родендените на следните автори: Видое Видически, Иван Точко, Јован Котевски и Трајан Петровски.

Во читалната на нашата библиотека од денеска до 29 јануари ќе бидат изложени примероци од целокупното творештво од посочените автори.

Во јануари е роден и патронот на библиотеката поетот и преродбеник Григор Прличев, но чествувањето во негова спомен и слава традиционално се на 5 и 6 февруари со „Прличевите беседи“ и „Прличевата визита“.