Во Хидробиолошкиот институт не е започнат риболовот на охридската пастрмка за вештачки мрест
Владата на 15 јануари ја донесла годишната програма за финансиска поддршка за рибарство и аквакулура. За оваа намена за порибување на Охридското езеро се одобрени 6 милиони денари.
Почна мрестот на охридската пастрмка, но не и ловот за вештачкиот мрест на ендемичниот вид риба кој го спроведува Хидробилошкиот завод. Традиционално ловот на ендемичниот вид пастрмка почнува на 21 јануари и трае до крајот на месец март кога се собираат одобрените количини икра за вештачки мрест.
Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство велат дека владата ја донела Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2019 година на 15 јануари.
Во програмата е предвидена мерка за порибување на риболовните подрачја во Република Македонија
со подмладок од одделни видови риби, за што се обезбедени средства во вкупен износ од 7.500.000,00 денари. Од вкупните средства наменети за порибување на риболовните подрачја, за порибување на Охридското Езеро со подмладок од охридска пастрмка обезбедени се средства во вкупен износ од 6.000.000,00 денари.
Koрисници на средствата од оваа мерка од програмата можат да бидат субјекти, регистрирани репроцентри за производство на репродуктивен и порибителен материјал, кои изведуваат вештачки мрест и порибуваат риболовни води со определени видови риби, стои во одговорот од ресорното министерство за ТВМ.
Инаку, загрозеноста на Охридската пастрмка како ендемичен вид и нејзината заштита е постојано жешка тема во пошироката јавност. Со Програмата за финансиска поддршка за рибарство и аквакултура се предвидуваат средства за да се реализира вештачкиот мрест и се определуваат квотите за собирање икра. Од година в година квотите за собирањ на икрата се намалуваат,така со програмата за 2018 беа намалени квотите на 1 милион и 500 илјади икра во споредба со 2017 година кога квотата изнесуваше 2 милиони икри. Намалени се квотите за собирање икра и на струшкиот дел, за институтот Шум. Од 1 милион во претходнат агодина одобрена е квота на 500.000 зрна икра. Воообичаено, ловот на машки и женски единки за вештачкиот мрест трае до 23 март или до собирање на предвидените количини икра.