Повлечена точката за легализација на диво градби во АК Градиште
Ќе се чека формирање на нова Комисија за денационализација. Оштетените семејства ги повторија своите барања да им се вратат имотите кои им беа одземени со национализација или да бидат обештени по пазарна вредност на земјиштето.
Симната од дневен ред предлог одлуката за донесување урбанистичко планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во КО Пештани. Образложение за ваквата одлука даде в.д градоначалникот Константин Георгиески.
„Легализација на објекти во автокампот „Градиште“, од формално правен аспект службите солидно го изработиле предметот, набавено е мислење од НП „Галичица“ и министерството за животна средина, кои се позитивни.Позитивно мислење добивме и од Комисијата за денационализација, но со оглед на тоа што сега таа е разрешена, точките ќе ги повлечеме и ќе почекаме мислење од новата комисија. “
На денешната седница беа присутни поголем број жители на Пештани кои претходно бараа повлекување на точката за легализација на бесправно изградените обејкти во Градиште. 100 семејства скоро 2 децении водат правна битка за денационализација на имотите во АК Градиште или исплата на пазарана вредност за атрактивното земјиште.
„ Даваат обешетување на имот , а ни даваат минимални цени како да сме во Кратово или Куманово. За атрактивно земјиште кое вешто лице го проценало на 12.300 денари по метар квадратен .Ова е смешна цена за имот кој некој сака да ни го приграби имотот одземен пред 62 години“, вели Ѓоре Танески, претседател на ЗГ „Оревче“.
Кирил Пецаков координатор на Вмро Дпмне, напомена дека советниците и претходно и сега се соочуваат со проблем да не знаат какви објекти легализираат. Во иднина ќе бараат од општинската администрација и урбанизам слики од објектите за да знаат конкретно какви градби легализираат .
„ Реално е поврзано со легазлаицијата и пренамената на земјиштето , очигледно е дека општинската администрација Советот го употребува за донесување на легализирање на објекти без ние да провериме. Ние не можеме да изигруваме полицајци во водење на постапките дали е се правно запазено, во одреден рок и дали излегла комисија на терен, дали се испочитувани роковите и што затекнале на терен“, напомена Пецаков.
Советниците, покрај другит еточки на дневен ред усвоија повеќе предлог одлуки за утврдувањ ена потреба од доенсување на урабснитичкопланска докумтација за вклопувањ ена беспарвно изгардени обејкти за катастарски општини за села и општина Охрид.