Skip to main content

„Млади лидери создаваат иднина“

Црвен крст Охрид во соработка со Американскиот мировен корпус во Македонија започнува нова програма „Млади лидери создаваат иднина“ наменета за ученици од прва, втора и трета година средно образование.

 |   | 

Програмата интегрира неделни работилници, екскурзии, развој на проекти и практикум за волонтирање со цел учениците да прераснат во активни граѓански лидери во нивните училишта и заедници. „Млади лидери создаваат иднина“ е програма дизајнирана да ги зајакне лидерските вештини на учениците и да им помогне како лидери да земат учество во нивната заедница, како и да стекнат и развиваат вештини за вработливост, чувство за цел и иницијатива, одговорност и ресурси потребни за достигнување на компетитивни работни кариери.

Оваа програма е во времетраење од 14 недели, почнувајќи од март 2019 г., а наставата ќе се одвива на македонски јазик.

Ги покануваме и охрабруваме заинтересираните средношколци да земат учество во оваа програма.

Детални информации и пријавување на веб страната https://programamladiohrid.wixsite.com/mladilideri