Skip to main content

Дебата за тоа каков градоначалник сакаат охриѓани

За прв пат во пресрет на локалните избори во Охрид се организира  отворена дебата на тема “Каков градоначалник сакаат Охриѓани?”.

 |   | 

За прв пат во пресрет на локалните избори во Охрид се организира отворена дебата на тема “Каков градоначалник сакаат Охриѓани?”.

Граѓанските здруженија и политичарите заеднички ќе ги детектираат проблемите и предизвиците на градот, со цел да се слушне гласот на граѓанскиот сектор и на обичниот граѓанин.

На дебатата ќе се говори за проблемите во сите сфери: туризам, угостителство, урбанизам, животна средина, комунален развој, концесионери на плажите, проблемот со кучињата, безбедност, образование, бизнис и економија.

За таа цел сите граѓани на Охрид кои сакаат да дадат значителен придонес кон развој на квалитетна дискусија, да учествуваат на оваа дискусија на која се очекува да присуствуваат бројни чинители од општествениот, политичкиот и граѓанскиот сектор, млади луѓе и граѓани.Настанот ќе се одржи во сабота, 02/03/2019 година во 13:00 часот, во големата сала на општина Охрид.