Skip to main content

На македонското здравство му недостигаат околу шестотини доктори

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека  секој млад доктор кој што ќе го заврши стажот во лекарската комора и ќе добие лиценца за работа, автоматски ќе добие и платена позиција во рамки на системот на примарна здравствена заштита.

 |   | 

Еден од најголемите проблеми со кои се соочува македонското здравство е недостигот на стручен кадар. На почетокот на минатата година тим на Министерството за здравство направи анализа според која се утврди дека вкупниот број на лекари којшто недостигаа во мементовт е околу 600 доктори. Само во текот на минатата година реализирани се голем број на вработувања во здравството, и тоа 3200 луѓе во 2018-та година, од кои најголемиот број се доктори и медицински сестри, изјави Министерот за здравство Венко Филипче.

„Меѓутоа иако со тој тренд продолжуваме и оваа година воведуваме нова програма, согласно измената на Законот за здравствена заштита, што значи дека секој млад доктор кој што ќе го заврши стажот во лекарската комора и ќе добие лиценца за работа, автоматски ќе добие и платена позиција во рамки на системот на примарна здравствена заштита, итна помош, вакцинални пунктови и системот на тријажа“ кажа Венко Филипче – Министер за здравство на РМ.

Министертот објасни дека овој период од шест месеци е неопходен младите лекари на почетокот да се стекнат со неопходното искуство, практично онаму каде започнува медицината, нејзиното примарно ниво, а Министерството за здравство, ФЗОМ и Владата на РМ обезбедиле финансиски средства за да биде платен стажот на младите доктори.

„Никој нема да бидед дискриминиран по ниту една основа, секој млад доктор кој ќе добие лиценца ќе биде примен на работа во здравствениот сектор“ објасни Венко Филипче – Министер за здравство на РМ.

Медицинските сестри се еден од столбовите на здравствениот систем и со своето искуство, знаење и експертиза значајно придонесуваат во подобрувањето на исходот од лекувањето на пациентите.Министерот Венко Филипче веќе и дал јавно овластување на Комората на здравствени работници со средно, вишо и високо стручно образование на Република Северна Македонија за водење на единствен регистар на здравствени работници што е почетен чекор на соработка и партнерство меѓу Министерството за здравство и Комората. Ова е прв чекор од европските директиви, потоа треба да се одреди начинот на лиценцирање и колку ќе чинат лиценците. Согласно овие директиви и средномедицинскиот кадар ќе работи со лиценци, исто како и докторите. Со ова јавно овластување комората добива ингеренции да изготви регистар на сите здравствени работници и во приватните и во јавните здравствени установи, односно на сите медицински сестри, акушерки, физиотерапевти, лаборанти, радиолошки техничари и забни техничари.