Skip to main content

Туристите кои допатуваа во Охрид за осмомартовскиот празник дочекани со бисери и народна музика

На Антички продолжи традицијата на дарување охридски бисери за празникот на жената. Ваквиот празничен гест е за туристичка промоција на градот кој дава резултати, напоменуваат туристичките работници.

 |  Валентина Неловска  | 

Група туристи од Црна Гора добија охридски бисери, а посебен накит од брендот Филеви доби припадничка на понежнит пол. Ангелина Бајиќ од Подгорица е среќната добитничка на комплет накит од брендот Охридски бисер Филеви. Со тоа продолжува традицијата на дарување охридски бисер на странските туристки при посетата на Охрид за празникот на жената 8-ми Март. Ангелина долго ќе го памети ова 8-мо Мартовско патување пропратено со многу изнендувања.

„ Прв пат сум во Охрид. Одамна посaкував да дојдам тука но, заради разни околности го одложував патувањето се досега. Патувањето ми е изненадување од децата , а во Охрид ме дочека уште едно поголемо, пријатно изнендување. Благодарам на сите, ме воодушевивте“, изјави Бајиќ.

По Заливот на коските и Билјанини извори годинава традиционалното дарување на Охридскиот бисер од Филеви се случи на Антички театар. Ваквите пријатни изнедувања за туристите кои доаѓаат во Охрид по повод празникот се организираат за туристичка промоција на градот. На овој начин се прославува Интернационалниот ден на жената заедно со туристичкиот водич Љупчо Јузмески, Ансмаблот Филиграни и брендот Охридски бисер Филеви.

„ Се обавува овој чин за целосна промоција на нашите културни и природни реткости во една прекрасна слика за странските туристи кои ќе го порслават овој ден , а ќе се понуди на светскиот турисатички пазар“, напоемнува Михајло Филев.

Женскиот дел од гостите посебно се радува на подароците како што е накитот Охридски бисери. Тоа веќе дава ефект туристичките агенции да го понудат Охрид како привлечна дестинација каде што ќе се отпатува, споделува туристичкиот водич Љупчо Јузмески.

„ Најдобра реклaма е кога овие жени ќе седнат на кафе и ќе ги раскажуваат своите доживувања од Охрид. Тоа е најдобрата реклама. Имаме потенцијал и информиран сум дека туристичките посети се прошируваат токму заради ваквите работи“, укажува Јузмески.

Групата туристи од Подгорица, Црна Гора, беа дочекани и со звуците на народната македонска музика. За нивно добро располежениe се погрижија играорците од Ансамблот Филиграни.