Екипата на „Чист Охрид“ го светна паркот кај „Бараки“
„Чист Охрид“ ја одржа својата 31. акција во паркот кај населбата Бараки каде во целот беше исчистен просоторот на паркот во кој е сместено детското игралиште.
„Чист Охрид“ ја одржа својата 31. акција во паркот кај населбата Бараки каде во целот беше исчистен просоторот на паркот во кој е сместено детското игралиште.
„На лице место воочивме дека на целиот простор каде што има детско игралиште и игралиште за кошарка нема ниту една канта за ѓубре, а клупите во паркот се искршени. Во близина немаше ни контејнери така што по обидот да ги известиме службите со возила за собирање смет, останува да апелираме Охридски Комуналец да го отстрани ѓубрето кое го собравме, во кое имаше и огромно количество стакло. Се
надеваме дека во најбрзо време ќе се постават канти за ѓубре, а посетителите на паркот ќе се однесуваат одговорно кон својата околина и нема да го уништуваат парко“ се вели во соопштението на „Чист Охрид“.
Службите на ЈП „Охридски комуналец“ веќе утринава ги имаа подигнати вреќите со ссобраниот смет.