„СТАКЛЕНА МЕНАЖЕРИЈА” – ТЕНЕСИ ВИЛИЈАМС
„Стаклена менажерија“ е претстава за комплексите, несигурноста и суровоста на современиот човек, кој сосема ја загубил солидарноста и сочувството кон послабиот.
„Стаклена менажерија“ е претстава за комплексите, несигурноста и суровоста на современиот човек, кој сосема ја загубил солидарноста и сочувството кон послабиот. Во ова време на либерален капитализам, хуманоста полека исчезнува.
Стаклена менажерија е емоционално патување низ комплексноста на семејните односи. Претставата е болен крик за големата неспособност на човекот да љуби..
Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид, почеток на претставите е 20.00 часот.
Играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Филип Кипровски
Режија: Софија Ристевска Петрушева
Превод: Јасмина Петровска
Сценограф: Михаел Димитровски
Костимограф: Андреј Ѓеоргиевски
Кореограф: Кире Миладиноски
Фото и дизајн: Петар Тасевски