Пријавена е епидемија на морбили во Струга
Засега се заболени 24 лица од кои шест се бебиња под 12 месеци. Нови случаи се очекуваат за 10 – тина дена период колку што трае инкубацијата на заразната болест.
Епидемија на морбили е пријавена во Струга поради зголемена појава на заразната болест, информираа од Центар за јавно здравје во Охрид. Кај 24 лица е дијагностицирана заразната болест морбили. Сите заболени, до сега, се со лесна клиничка слика.Тука се вклучуваат и 6-те деца помали од 12 месеци, кои не се вакцинирани. Од Центарот веднаш доставиле пријава, а веќе од денес е приајвена асена епидемиолошка состојба. Eпидемиологот, Јованка С. Коровешоска упатува апел до родителите.
„Родителите од Струга треба да ги вакцинираат децата и да се придржуваат до вакциналниот календар“, повикува д-р Јованка Стурлакова Коровешовска,епидемиолог во Центарот за јавно здравје од Охрид.
Во претстојните 3 до 10 дена се очекува појава на нови случаи заразени лица бидејќи толкав е периодот на инкубација на болеста. Епидемилогот Стурлакова Коровешоска препорачува засилена дезинфекција и контрола во училиштата и градинките. Болеста морбили е дијагностицирана кај 7 медицински лица од Струга. Заболени се медицински сестри и хигиеничарка од интерното одделение, докторка од детското одделение и медицинска сестра и докторка во брзата помош. Упатени се на инфективното одделение во Охрид. 4 лица вработени на интерното одделние се водат како сомнителни случаи. Се претпоставува дека биле заразени од веќе инфицирани пациенти со морбили кои побаарле лекраска помош на овие оддели. Поради тоа во сите одделенија во струшката болница е забранета посета на пациентите.
„Имаме голем проблем во однос на правата на пациентите. Страшни притисоци имаме, но забранети се посетите на одделение. Заболените и потврдените случаи со морбили не се на работно мести“, рече Мира Костојчиноска- началник на интерно одделение во Струга.
Од струшката болница ги преземаат сите мерки за да се спречи понатамошно ширење на заразната болест меѓу медицинскиот персонал.
„Нашата болница и ние како управа преземаме соодветни мерки. Од епидемиолошката служба се чистат просториите со соодветни дезинфекциони срества. Се врши и проветрување на просториите“, инфoрмира Реџеп Даути директор на општа болница Струга.
Бројката на заболени лица од морбили во Дебар во моментов е 18. Состојбата ќе се следи и до петок ќе се знае дали и таму ќе се прогласи епидемија. Најдобра е состојбата во Охрид каде има само тројца заболени. Заболените лица се на возраст од 3 до 5о годишна возраст. Инаку, вакциналниот статус е одличен во сите три градови, во Охрид според вакциналниот календар има покриеност од 85%, а во Дебар тој процент е 95.