Skip to main content

Д-р Милошевски: Охрид мора да биде убав и во него убаво да се живее

За мене политиката е одговорност и натпревар на идеи каде проектите ќе бидат остварени потпирајќи се на принципите на чесност, посветеност и одговорност. Охрид мора да е убав и во него да се живее убаво рече на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО ДПМНЕ, др Митре Милошевски.

 |   | 


Со визија и сила, преголема одговорност и позитивна енергија влегуваме во успешна кампања за локалните избори, кажа д-р Митре Милошевски, кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ. На прес конференцијата која се одржа во Канцеларијата за граѓани која е отворена за граѓаните Милошевски порача дека преку отвореност со охриѓани ќе ги јакнат демократските капацитети на градот и ќе бидат заедно со народот во секое место, маало, секоја улица и праг.

„Тие што вистински го сакаат својот град, работат за него, го сакаат со дела. За мене политиката е одговорност и натпревар на идеи каде проектите ќе бидат остварени потпирајќи се на принципите на чесност, посветеност и одговорност. Охрид може поубаво и знае подобро! “ – Митре Милошевски, кандидат за Градоначалник на Охрид

Милошевски потенцира дека Охрид мора да функционира и да се усовршува вистински со европски и современ лик. Охрид мора да е убав и во него да се живее убаво, да чекори по патот на достоинството и можностите, а не понижено по патот на црнилата и небиднината, кажа кандидатот за Градоначалник на Охрид.

„Охриѓани се вредни луѓе, еснафи, домаќини, и заслужуваат и подобро и повеќе. Ги знаеме проблемите и имаме решенија кои ќе Ви ги презентираме секојдневно.Треба да се работи, да се работи и да се работи, да се чувствува пулсот на градот, да се биде посветен. “ – кажа Милошевски.  

Милошевски порача дека позитивната енергија и силната мотивираност со која влегува во  изборната трка ќе ја пренесе до  граѓаните со цел сплотени да понесат победа на 21 април за доброто на сите.